Осум вида птици изумреле поради сеча на шума во Јужна Америка

Малата сина ара (Cyanopsitta spixii) официјално е исчезната. Птицата е наведена меѓу осумте видови птици кои исчезнале во Јужна Америка во последната деценија, според новата студија спроведена од „BirdLife International“.

Додека најголем дел од изумирањето на птици се поврзува со островски видови кои се чувствителни на предатори и ловџии, овие нови изумирања се поврзани со растечкиот проблем во Јужна Америка: уништувањето на шумите.

Стјуарт Бучарт, научникот кој ја води студијата рече дека истребувањата во Јужна Америка се доказ дека кризата во моментов се одвива на места кои историски биле ослободени од вакви настани – и сето тоа е поради уништувањето на природните живеалишта.

Во минатото, околу 90 проценти од изумирањата на одредени видови на птици се случувале на изолирани острови. Но, како што укажува Бучарт, новата студија укажува на пораст на случаи на изумирање на големите континенти, кои се „поттикнати од загубата на живеалиштата од неодржливо земјоделство, одводнување и сеча”.

Во моментов, има повеќе од 26.000 видови на работ на истребување. Ако тој број продолжува да расте, научниците предупредуваат дека луѓето би можеле да навлезат во уште еден глобален настан на истребување.

Половина од птиците што неодамна изумреле биле родени во Бразил. Малата сина ара била последен пат видено во дивината во 2000 година, иако птицата се одгледува во заробеништво. Научниците се надеваат дека повторно ќе ја вратат птицата во иднина. Но, тоа не е случај за многу птици кои исчезнале.

Освен осумте видови птици кои исчезнале, има 51 други кои се „критички загрозени”. Бучарт и неговиот тим се надеваат дека нивните наоди ќе промовираат идни напори за зачувување на овие видови птици за да не изумрат.