Осум најлоши почетоци во 2013

Во животот понекогаш работите не одат според планот. Ова е уште поизразено кога станува збор за првото искуство со нова работа, возење автобус, па дури и бакнување. Порталот Odee направи листа од реални стории, кога луѓето се нашле во непријатна ситуација додека се обидуваат да направат нешто за прв пат:

Осум најлоши почетоци во 20131 . Водител на вестите изговара непристојни зборови во првите неколку минути во етер.

Еј Џеј Клеменс доживеа незаборавни минути во својот прв и последен ден како водечки презентер на новиот телевизиски канал KFYR , филијала на NBC во Северна Дакота . Без да сфати дека веќе е пуште во етер и озвучен, тој изгови повеќе непристојни зборови уште пред неговата колешка да успее да каже „Добра вечер“. По завршувањето на емисијата , Еј Џеј Клеменс е отпуштен, а тој подоцна се извини на Twitter, додавајќи дека тоа е најлошото нешто што можеше да му се случи во телевизијата.

2 . Возач на автобус влета во куќа за време на својот прв час по возење.

Осум најлоши почетоци во 2013

Френсис Арти се пријавил за работа за транспортната компанија Worcester Regional Transit Authority, но уште на првиот курс влетал цели три метри внатре во една куќа возејќи со 60 км. на час.  Предниот дел на автобусот се нашол во кујната на куќата, но за среќа никој од жителите не настрадал , освен самиот Арти . Операцијата за отстранување траела повеќе часови. Куќата била уништена, а возачот беше осуден за небезбедно возење , откако се утврди дека тој дури и не направил обид да притисне сопирачката.

3 .Извршен директор си поднесе оставка по првиот работен ден

Осум најлоши почетоци во 2013

Бил Џонсон стана генерален директор на Duke Energy на 2 јули во 12:01 часот , а на 3 јули поднесе оставка по инсистирање на одборот на директори. Портпаролот на компанијата не кажа што се случило , но соопшти дека Џонсон го напушта работното место со договор, а за своите услуги ќе добие 44.4 милиони долари.

4 . Репортер беше отпуштен уште пред да добие договор за работа

Осум најлоши почетоци во 2013Кристофер Брукс бил толку возбуден што ја пратил биографијата со која барал работа како дописник во весникот The Delaware News – Journal, што им се пофалил на роднините и пријателите , објавил лажно соопштение на социјалните мрежи и на сите им кажал дека тргнува на работа.

Од весникот го забележале тоа, па токму кога помислиле  да му ја дадат работата, ја промениле одлуката: Брукс бил отпуштен уште пред да биде ангажиран .

 

5 . Трговец е отпуштен за измама уште во текот на првиот работен ден.

Обично бескрупулозните трговците чекаат неколку месеци пред да почнат да крадат пари од работодавачот, но Ричард Ли одлучил тоа да го направи првиот ден на работното место. Тој е назначен за шеф на одделот за управување со кризи на Citadel Investment Group каде се обидел да си префрли бонуси на своја сметка. Фатен е уште во првите три часа со помош на компјутерски алгоритам. Ли се изјасни за виновен, а бил обвинет за кражба на пари и во друга фирма, каде што претходно работел .

6 . Лансирањето на сајтот www.heathcare.gov доживеа целосен неуспех .

Осум најлоши почетоци во 2013

www.heathcare.gov е замислен како сајт кој треба да го олесни пристапот до здравствено осигурување на граѓаните на САД . По неколку месеци врева за сајтот, тој е пуштен на 1 октомври 2013 и веднаш се „распадна“. Илјадници луѓе во исто време се обиделе да ја користат услугата, односно обид за влез направиле седум милиони луѓе. Сајтот бил дизајниран да издржи навала од „само“ шест милиони посетители истовремено.

7 . Првиот романтичен состанок на кинески бизнисмен е уништен од еден контејнер

Осум најлоши почетоци во 2013

Бизнисмен од Кина се обидел да ја импресионира девојкаат на првата средба со што што излегол со луксузен кабриолет и тргнал да и го покаже градот . Двојката сепак немала голема среќа, па уште по втората крсстоцница се нашле во сообраќаен метеж , притиснати меѓу два големи камиони. Кога првиот камион нагло запрел, ситуацијата станува уште полоша : од него се превртел огромен контејнер кој буквално го смачкал возилото. Сепак – има и добра вест : никој не е сериозно повреден во несреќата.

8. Првиот бакнеж на еден пар за време на венчавката

Осум најлоши почетоци во 2013

Религиозниот пар Рајан и Шана одлучиле да не бидат интимни, ниту да се бакнуваат се до нивната венчавка. Откако биле прогласени за маж и жена,  новиот брачен пар го имал својот прв бакнеж, но се чини, не премногу успешно по што завршил во реално шоу.

Извор