Осум филмови и работилница на Скопје филм фествал

На претпоследниот ден од 22 издание на Скопје филм фестивал, вечерва во киното Фросина и во Кинотеката ќе бидат пркажани вкупно шест филмови, а во кафе – кино Котур може да се види последниот дел од програмата на документарни филмови. Во тек е и работилницата „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“, која во организација на Креативна Европа МЕДИА Деск МК и во соработка со Агенцијата за филм се одржува во рамки на фестивалот.

Интензивната тренинг програма која привлече многу посетители во Клубот на пратеници е предводена од Брајан Мекгил, шкотски сценарист, консултант и професор кој повеќе од 25 години пишува ТВ серии за британска и француска телевизија, меѓу кои и  наградуваната серија „Taggart“. Мекгил работи како скрипт доктор, бил тутор за пичинзи на програмата ENGAGE – поддржана од Креативна Европа МЕДИА и читач на сценарија во Ирскиот филмски совет. Во својата кариера Брајан Мекгил има добиено награда од Сер Шон Конери, соработувал со продуцентите на филмот Seven и предава сценарио и пичинг на Screen Academy Schotland, Örebro University, Шведска и European Film College – Данска.

Целта на оваа тренинг програма е да ги обучи и подготви македонските продуценти, режисери и сценаристи како најдобро да го пичираат својот проект и да се стекнат со конкретни вештини и знаења за овој специфичен дел од продукцијата на еден филм.

 

Во рамки на програмата Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, синоќа во кино Фросина, беше прикажан документарниот филм „Модно фрик шоу” за Жан Пол Готје, еден од највпечатливите француски дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации.

 

Документарниот филм го следи извонредното и амбициозно двегодишно креирање на гламурозното кабаре на Готје за „Фоли Бержер“ (познат кабаре шоу театар во Париз), што ги внесува  гледачите во ексцентричниот и често провокативен свет на овој дизајнер. Структурата на шоуто ја следи хронологијата на 40-годишната кариера на Готје, а тој многу отворено зборува за својата животна историја.

Веднаш по проекцијата се одржа дискусија на тема „Модата и родовиот идентитет” со специјалната гостинка Луиз Валенберг, професорка по модни студии во Центарот за модни студии при Универзитетот во Стокхолм и поранешна директорка на Центарот. Нејзините истражувања се фокусираат на родовиот идентитет, сексуалноста, класите и етносот во областа на модата и филмот.

„Филмот што го видовме по формата беше традиционален, но дава добар поглед на она што се случува зад секое модно шоу, ни дава можност да ги запознаеме луѓето што се околу дизајнерот, исто така одличен увид во историјата на поп културата во 20 – от век“, рече Валенберг.

Разговорот го водеше Кристина Глигоровска, модна истражувачка, членка на француската мрежа за модно истражување – Culture(s) de Mode. Нејзината експертиза е анализа на модата како мултидисциплинарна област, со фокус на врската меѓу модата, телото и технологијата, која истакна дека Готје отвора и ново поглавје во начинот на прикажување на модата. На прашањето за перформативноста и градењето идентитети и за тоа дека модата отсекогаш си поигрувала со сексуалноста и родот,  професорката Валенберг рече дека костимите се многу добар пример на експериментирање со другата страна на идентитетот.

„Мејнстрим и традиционалната мода всушност не се занимаваат со ова и не ни го дозволуваат. Па сепак не се облекуваме само од практични причини туку за да раскажеме некоја приказна за себе. Дури и во Шведска која се смета за прилично прогресивна земја, во ред е да бидеш трансвестит, геј или лезбејка, но вознемирувачко е да се биде нешто помеѓу, нешто што не сака да се идентификува во родовите категории. Мејнстрим модата во голема мера инсистира на родовото нормирање и дуализам. Не се оди над или под тоа а токму таму може да се случат интересни работи, каде што има вистински предизвик за модата. Начинот да се сменат работите е да се биде политичен и луѓето да се здружуваат“, рече Валенберг

Разговорите и дружењето продолжија на забавата во МКЦ со музика на Соња Исмаил.

Програма за 24 април: 

Кино Фросина

18:00 СВЕТОТ Е ТВОЈ / THE WORLD IS YOURS France, 2018, 94 min.

Режија/Director: Romain Gavras

Улоги/Cast: Karim Leklou,Vincent Cassel, Isabelle Adjani 

20:00 АНГЕЛОТ / THE ANGEL Argentina, Spain, 2018, 118 min.

Режија/Director: Luis Ortega

Улоги/Cast: Lorenzo Ferro, Chino Darín, Daniel Fanego

22:00 ТВРДИНА / FORTRESS Russia, 2019, 100 min.

Режија/Director: Igor Zaytsev

Улоги/Cast: Ilya Malanin, Dmitry Dyuzhev, Dmitry Nazarov 

Кинотека на Северна Македонија 

18:00 АСАКО I & II / I & II Japan, France, 2018, 119 min.

Режија/Director: Ryûsuke Hamaguchi

Улоги/Cast: Higashide Masahiro, Karata Erika, Seto Koji

20:00 TEТОВИРАЊЕ / TATTOOMacedonia, 1991, 128 min.

Режија/Director: Stole Popov

Улоги/Cast: Meto Jovanovski, Aleksandar Chaminski, Kiril Pop-Hristov,

Jovica Mihajlovski, Dancho Chevrevski 

22:00  ХОТЕЛ МУМБАИ / HOTEL MUMBAI Australia, 2018, 125 min.

Режија/Director: Anthony Maras

Улоги/Cast: Armie Hammer, Dev Patel,

Nazanin Boniadi, Jason Isaacs

Кафе – кино Котур 

20:00 ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ II