Осудена унгарската камерманка која сопнуваше мигранти

Три години условна казна доби унгарската камерманка Петра Ласло за удирање и сопнување мигранти кои бегаа од полицијата, во близина на границата со Србија во септември 2015 година.

Ласло беше отпуштена од работното место во Н1ТВ, телевизија со националистички симпатии, откако на интернет се прошири видео снимка која прикажува како таа шутира девојка и млад маж.

Унгарските медиуми доцна синоќа пренесоа дека судот во градот Сегет ја прогласила Ласло, по сослушувањето и нејзиното сведочење преку видео-врска, виновна за непримерно однесување „спротивно на социјалните норми“. Таа ја обжалила одлуката.

Обвинителите претходно соопштија дека нема основа за Ласло да се обвини за расно мотивирано криминално однесување.

Стотици илјади бегалци и мигранти, кои бегаа од војна и сиромаштија од Блискиот Исток и Африка поминуваа низ Балканскиот регион и Унгарија во 2015-та година на пат за Западна Европа.