„Остен Биенале на цртеж Скопје 2020“ во „Мала станица“

Од денес, 18 февруари до 18 март 2021, секој ден од 10 до 18 часот во Националната галерија на С. Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“ ќе може да се посети изложбата „Остен Биенале на цртеж Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“ .

На Биеналето ќе учестуваат 260 уметници од 44 земји учествуваа со 819 дела.

Од нив, од селекторот на Биеналето, Емил Алексиев, во потесен избор влегоа 135 уметници, а од нив 75 беа избрани за финалиста.

За потсетување, по По повод 75-годишнината на Остен, во Националната галерија Чифте амам од 1-10 октомври 2020 беа претставени селектираните уметници на „Остен Биенале на цртеж Скопје 2020“ и „Остен Биеналето на наградени автори 2019-2020“.

Гран при за животно остварување доби Емилија и Илја Кабакови, Русија / САД. Награда за Светско културно наследство – Оскар Кокошка од Австрија, а посебни Гран при за извонредни уметнички остварувања – Јоргос Ксенос од Грција и Таки Павловски од С. Македонија.

Награда Уметник на светот е за Ецио Грибалдо од Италија, додека награда Рембрант за извонредност во уметноста – Мицко Мице Јанкуловски од С. Македонија

Наградите од жирито и Остен ќе бидат официјално соопштени и доделени (на оние уметници кои ќе бидат присутни) на 18 март (четврток) во 19 ч. во „Мала станица“

Со овој завршен настан ќе бидат промовирани каталогот на „Остен Биенале на цртеж 2020“ и првото „Остен арт фестивал 2021“.