Оставка од заменик-министерот за здравство Асим Муса откако се појави видео во кое зема пари

Асим Муса, заменик-министерот за здравство, денеска на прес-конференција најави оставка од функцијата, по вчерашното видео кое го објави албанската телевизијата „Топ ченел“ во емисијата „Фикс фаре“, а на кое се гледа како прима пари за операција од наводен пациент од Албанија.

Тој  рече дека неговиот искрен обид за да им помогне на пациентите се претворил во стапица и за непостоечки спектакл за медиумите, а се со цел да му се наштети неговата професионална фигура и професија.

„Ве известувам дека донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство, и да ја расчистам оваа импонирана дамка од стапица, против мене лично и мојата професија. Јас ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните на нашата земја и пошироко. Тоа ќе го направам со искреност, скромност и посветеност“, рече Муса, избегнувајќи ги прашањата на новинарите.

Македонските медиуми објавија дека Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот, а во рамки на предистрагата со меѓународна помош ќе се бараат оргиналните снимки на кои се гледа како министерот зема 50 евра

Асим Муса на позицијата заменик-министер доаѓа во јуни 2018 година, а негов претходник беше Гоце Чакаровски.