Оставка на Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, поднесе оставка од функцијата. Како образложение за оставката се наведуваат здравствени причини.

„Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и закрепнување, поради што јас нема да сум во можност да ја извршувам функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија“, наведува Ставрески во оставката.

Ставрески ги извршуваше функциите заменик претседател на Влада и Министер за финанси во владиниот тим на Никола Груевски од јули 2009 година.