#Остави Печат – Скопје Стрит Фестивал по шести пат во Градски парк

 

Овој викенд по шести пат во Градски парк ќе се случи Скопје Стрит Фестивал, улична платформа за развој на субкултурата во Скопје. Фестивалот и оваа година ќе биде без карти, отворен за посетителите, и ќе вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ.

Фестивалот, во организација на агенцијата Подиум, започнува на 8-ми Јуни во 17 часот и ќе трае до 9-ти Јуни, 01.00 часот.

Организаторите најавуваат одлично, шесто издание, со огромен број на креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје. Скопје Стрит Фестивал во изминатите шест години беше домаќин на повеќе од 200 артисти од Македонија, регионот, а и од светот и повеќе од десетици илјади посетители.

На ова шесто роденденско издание на главен музички стејџ ќе имаме можност да ги видиме Funk Shui, САФ со 20 години Скопска Ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со MC David Lion. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк.

Повеќе информации за Фестивалот може да најдете на официјалната фејсбук фан страна или на веб страната www.ssf.mk.