„На своето куче може да му кажете сѐ освен збогум“, гласи мотото на предавањето кое го слушаа учениците од трето и четврто одделение од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Центар, Скопје.
Тие имаа час за одговорно чување на домашните миленици со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и Платформа на OIE – за здравјето на животните во Европа.
„На овој час учениците се запознаа со правилно чување на домашните миленици, со цел поттикнување на учениците за одговорно однесување кон своите миленичиња, развивање на хуманоста кон животните и зголемување на свеста за вдомување на домашни миленици“, информираат од училиштето.
Основците, исто така, учеа дека да се биде сопственик на куче, значи грижа и внимание за него во текот на целиот негов живот.