Основци и студенти на заеднички настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во аулата на Филозофскиот факултет во понеделник со почеток од 12 часот ќе се одржи настан по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На настанот е предвидена програма од редовните и посебните основни училишта и хуманитарна ликовна работилница со студентите од Факултетот за ликовни уметности.

Во 16 часот пак, во лаунџ бар „Umbrella“ во ГТЦ ќе се организира караоке забава со учениците од редовните и посебните средни училишта.