Основачот на пивото Корона подари по 2 милиони евра на сите жители на неговото село

Основачот на фабриката Корона, еден од најпознатите производители на пиво во светот, му оставил по приближно 2,35 милиони евра на секој жител на малото шпанско село во кое пораснал во својот тестамент.

Антонино Фернандез, кој почина на 98-годишна возраст во август, оставил вкупно 199 милиони евра за 80-те жители на малото село Серезалес дел Кондадо на северозападот на Шпанија.

Сопственикот на единствениот бар во селото, Максимино Санчез, за локален весник изјавил: „Никогаш не сме имале пари претходно. Не знам што би правеле без Антонино“.

Фернандез се преселил во Мексико во 1949 година, на 32 години, каде започнал да работи за пиварницата Групо Модело.

Се издигнал во компанијата и бил должен за популаризирањето и подобрувањето на многу пива на компанијата, меѓу кои и Корона, едно од најпродаваните во светот.

Работел како извршен директор на компанијата од 1971 до 1997 година.

Како докажан филантроп, основал компанија во својата родна провинција Леон, која овозможувала работни места за лица со попреченост, а потоа го искористил истиот модел во мексиканската држава Пуебла.

Кралот Хуан Карлос на Шпанија го има наградено со Редот на Изабела за неговата хуманитарна рабоа.