Основачот на американската дабстеп сцена пристигнува во Скопје

Основачот на американската дабстеп сцена пристигнува во СкопјеJoe Nice, еден од основачите на американската дабстеп сцена и нејзините први промотери, на први март со свој сет гостува во Капан Ан, во Скопје.

Joe Nice (USA) ќе настапи поддржан од бугарскиот дабстеп продуцент и воедно човекот зад Platform Music, Basscatz (BG). Како домашна поддршка на пултот ќе застане талентираниот македонски DJ Irie Scratch. Настанот е организиран од Bass Infusion, а ќе биде поддржан со 3D визуелизации дизајнирани од страна на Muter.

Ова е прв настан во Македонија на кој гостува дабстеп име од овој калибар, а воедно и прв пат Македонија да биде вклучена во Европска турнеја на дабстеп DJ.

Влезниците за настанот по цена од 150 денари ќе можат да се најдат на влезот на Капан Ан на денот на настанот, веќе од 23 часот.

Joe Nice започнува да пушта дабстеп во 2002 во Балтимор и од тогаш постојано настапува на локални и интернационални журки. Во 2003 ја стартува својата месечна радио емисија на интернет радиото GourmetBeats.com, каде за прв пат започнува да се пушта дабстеп во САД. Во 2005 ја ко-основа првата дабстеп вечер во САД, DubwarNYC, каде имаат настапувано најголемите имиња од дабстеп сцената. Јое Nice е исто така и првиот американски диџеј што има настапувано на легендарните DMZ забави. Од 2011 настапува како резидент диџеј во клубот Reconstrvct во Њујорк, а од 2012 започнува со нова радио емисија на SubFM. Неговата радио емисија можете да ја слушнете секој втор вторник од месецот од 2 часот по полноќ до 4 часот наутро. 

По трет пат во Македонија пристигнува и бугарскиот дабстеп DJ, Basscatz. Зад името Basscatz стои Martin Bongg, основач и сопственик на бугарската дабстеп дискографска куќа, Platform. Во многубројните настапи на Basscatz може да се врбојат сетови со најголемите бас и дабстеп имиња од локалната но и светската сцена. Двата досегашни настапи на Basscatz во Македонија докажаа дека можеме да имаме многу високи очекувања од сетот на 1ви март.

Македонска поддршка на овој настан ќе биде DJ Irie Scratch, дел од eкипата на ShureShotz, кој со својата хип хоп селекција веќе докажано полни клубови без разлика дали тие се наоѓаат во Косово, Албанија, Бугарија или Македонија. На 1ви март DJ Irie Scratch ветува дека ќе ја покаже својата Bass страна со трап сет.