Основачите на Инстаграм ја напуштаат компанијата

Основачите на популарната социјална мрежа Инстаграм, Кевин Систром и Мајкл Кригер, најавија дека се повлекуваат од компанијата.

Систром рече дека тој и Кригер се надеваат дека ќе во наредниот период повторно ќе се посветат на истражувањето и креативноста. Тој рече дека се благодарни за „последните осум години во Инстаграм и шест години со тимот на Фејсбук”.

Двајцата најавија дека ќе заминат од компанијата во рок од неколку недели.

Моментно, Систром е извршен директор на Инстаграм, а Кригер е главен технички директор.

Фејсбук во 2012 година го презеде Инстаграм за милијарда долари.

Закерберг објави јавна изјава за нивното заминување велејќи дека „навистина уживал” во соработката со Систром и Кригер.

„Кевин и Мајк се извонредни лидери во производството и Инстаграм ги одразува нивните комбинирани креативни таленти”, напиша тој. „Научив многу работи со нив во изминатите шест години и навистина уживав во тоа. Им посакувам се најдобро и со нетрпение очекувам да видам што ќе изградат следно. “