Осмомартовски настап на „Паркети“ во Битола

Осмомартовски настап на бендот„Паркети“ е најавен за денеска во битолскиот клуб „Вакуум“, од 21 часот.

„Паркети“ е состав од Битола, оформен една деценија по првиот бран на панк музиката. „Паркети“ отсекогаш имале претпознатлив и специфичен звук, текстови со рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстрактни“.

Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот – „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет – вокалист е неговиот брат. Сашо се враќа во бендот на почетокот на новиот милениум.

Концертите на Паркети се секогаш оригинални и многу енергични. На нивните настапи имало сè – од моторни пили и експлицитен материјал, до кршење на картонски гитари. До сега имаат учествувано на многу фестивали и имаат одржано неколку концерти меѓу кои најголем до сега е можеби концертот во амфитеатарот во Хераклеја, 2009 година.

Parketi – Mislam

Parketi – Mislam, New Version

Posted by Parketi on Friday, 16 November 2012