Осмо издание на „Прв до врв“ на 27 септември – пријавувањето е во тек

На 27 септември (недела) ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв“ на Водно. Пријавувањето е во тек на веб-страницата www.prvdovrv.mk.

Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании.

Оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19, додека настанот ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство.