Осмо издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат

„Сите за луѓето со хендикеп“ е мотото на осмото издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат Скопјепостер на кој младите и талентирани дизајнери ќе имаат можност да работат на плакати со пораки на оваа тема.

Од Плакарт изјавуваат дека „главната цел на овој конкурс е креирање и промовирање подобри можности и еднакви права за луѓето со посебни потреби“. Мотото „Сите за луѓето со хендикеп“ мора да го отсликува ова прашање и да промовира еднакви можности и права за луѓето со посебни потреби. Дизајнерите ќе имаат задача да се борат против дискриминацијата и нееднаквоста како и на свој начин да се причинат луѓето со хендикеп да бидат третирани како еднакви членови на заедницата. Еден од главните приоритети е и промовирањето на позитивни пораки за сите аспекти на инвалидноста – долгорочни боледувања, проблемите со мобилноста, проблеми со запознавање и изучување, нарушена перцепција…

Да се подобрат условите за живеење на луѓето со посебни потреби, да се идентификуваат и да се понудат алтернативи за надминување на бариерите и табуата и да се причиниме за создавање поотворено општество е крајната цел на 8. Меѓународен студентски конкурс за плакат.

Крајниот рок за поднесување на постери е 20ти ноември 2015 година, а селекцијата ќе ја право меѓународно жири составено од еминентни дизајнери. Наградите се примамливи – двајца победници ќе бидат подеднакво наградени со учество во жири селекцијата на 9. Скопје постер фестивал(со покриени трошоци), организација на изложба на негови плакати во 2016 година и доделен ќе им биде ICOGRADA Цертификат.

Овогодинешниот конкурсен промотивен дизајн е дело на дизајнерот Борут Вилд.