Осмо издание на фестивалот RUN MK во Штип

Во сабота,  2 ноември, Штип ќе биде местото каде што ќе се одржува најголемата drum&bass забава во земјава.

Осмо издание на фестивалот RUN MK во ШтипПо осми пат, во Домот на млади во Штип се организира фестивалот  RUN MK, каде покрај македонските музичари доаѓаат гости од Нов Зеланд и Србија. Фестивалот се отвора во 21 часот, а ќе трае до раните утрински часови.

Овогодинешниот line up се состои од:

TREI | Wellington NZ | SOM MUSIC | New Zealand
COOBY SELECTA | MUSTNET | Serbia
ROOTSMAN I | NATTY FIYAH | Macedonia
PUK’KAH | D2 | Macedonia
S.A.M. | The BASSMIGHTY Kreatorz | Macedonia
NIKOLA | DNB KU | Macedonia

Веќе е пуштен и официјалниот спот за настанот, а повеќе информации има на официјалната Фејсбук страница.