Осми роденден на Радио МОФ: Kicks & Gigs DJ Party во Јавна соба

Драга публико, пријатели, партнери, млади и млади во срцата,

Радио МОФ месецов наполни осум години! Од 2011 година, се трудиме да понудиме свежина, да им дадеме простор за изразување на сите кои го немаат и да бидеме гласило на младите и за младите.

Но, се трудиме и да слушаме и промовираме македонска алтернативна музика, преку серијалот Engage Kicks & Gigs. Овојпат, решивме да поканиме некои од музичарите кои гостувале во нашето студио, и да им ја предадеме миксетата!

Распоред:
21:00-22:00 – Бојана и Данчо од June
22:00-23:00 – Дарко од Pluto’s Doubts
23:00-24:00 – Давид, Михаил и Стефан од Funk Shui

Ве покануваме заедно да го прославиме овој значаен ден, на Kicks & Gigs DJ Party, 21 часот во вторник (26.02.2019), во Јавна соба. Облечете чевли за танцување и насмевка и дојдете заедно да наздравиме за осмиот роденден на Радио МОФ.

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол. Во Kicks & Gigs досега гостувале: Pluto’s Doubts, Funk Shui, Conquering Lion, June, Матеј Фолц & ZeeBomb, Rib, Телемама, Ана Ќурчин, Went, ДНО е НЛО, Mole Pack, Емилија Славковска и Нема Лабаво.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, се обидува да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.

Нашата целна публика се сите млади луѓе и граѓани, чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.