Осми Младински пролетен салон во Мала станица

Вечерва во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се отвори осмиот Младински пролетен салон на тема „Минијатура“.

„За овој салон учениците имаа креатино изјаснување на мал формат кој што овозможува голем интерес и квантитет од страна на младите“, велат од Националата галерија на Македонија.

На изложбата се застапени дела во различни форми (цртеж, слика, графика, скулптура, колаж, видео, фотографија, компјутерска графика) и дела во комбинирана техника.

Изложбата ја организира дидактичко-едукативниот секор во Националната галерија на Македонија, а селектор на салонот е Ацо Таневски ликовен едукатор во Националната галерија на Македонија.