Ослободувањето на Скопје – Прошетка низ историски локации од 13.11.1944

Во сабота (15 ноември) со почеток во 13 часот ќе се организира прошетка низ историски локации од 13.11.1944, Денот на ослобдувањето на Скопје.

Зборно мест  е Стоковната куќа Мост во Скопје, од каде присутните ќе ја почнат својата прошетка

– 70 години по ослободувањето на нашиот главен град, се повеќе споменици и паметници исчезнуваат, музејските поставки се губат, а се помалку младите генерации знаат за битките во и околу главниот град, како и тогашните главни актери.

Затоа, на 15-ти ноември (а не на денот на ослободувањето 13-ти!) ќе посетиме некои од локациите каде е изборена победата против фашистите. Ќе се посетат споменикот на стреланите скопјани, партизанската спомен-оружарница, споменикот на ослободителите на Скопје (женска гимназија) и учителската школа, се наведува во поканата за настанот.

Прошетката ќе биде збогатена со сеќавањата на живите ослободители од 12-тата Ударна Бригада.