Ослободен поголем дел од уапсените студенти во протестите во Венецуела

Властите во Венецуела ослободија поголем дел од уапсените 243 студенти за време на полициска акција кога беа отстранети уличните шатори, поставени во знак на протест против претседателот Николас Мадуро и неговата влада.

Ослободени поголем дел од студентите уапсени во протестите во Венецуела

Иако властите се надеваа дека уништувањето на уличниот камп во Каракас ќе ги разбие демонстрантите, активистите велат дека оваа постапка само ја зајакнала нивната решеност да издржат во протестите.

 

Надлежните велат дека 11 студенти остануваат зад решетки поради обвинение дека поседувале дрога и оружје. Минатата недела беа растурени четири кампови, во кои студентите минаа неколку недели. Вчера пак беа ослободени 155 уапсени студенти, од кои 15 треба да заминат на третман поради злоупотреба на наркотици.

Протестите против Мадуро почнаа во февруари, а активистите се жалеа на високата инфлација, зголемената стапка на криминал во земјата и репресијата против критичарите на власта.

Демонстрантите маршираа и во саботата во знак на протест поради уривањето на камповите, а силите на безбедувањето за да ги растераат користеа солзавец додека младите активисти на нив фрлаа со камења и гасни бомби.

Извор: Ројтерс