Оскаровецот Роџер Дикинс ќе одржи мастер клас на „Браќа Манаки“

Годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело во 10:30 часот ќе одржи отворен час со студентите и други учесници на фестивалот во малата сала на НУ Центар за култура.

„Отсекогаш сум сакал да фотографирам луѓе или да снимам документарци за нив. Сакам филмови со силни ликови. Сакам да го снимам човековото лице. Тоа е поинтересно од било што друго, и тоа е она што ќе продоложам да работам, вели Дикинс, кинематографер со најмногу „Оскар“ номинации.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека кинематограферот Роџер Дикинс е во Битола во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на „Оскарот“ за креацијата во филмот „Blade runner 2049“.

Во меѓувреме, на фестивалските сцени во Битола ќе бидат емитувани филмови во повеќе конкуренции и фестивалски програми. Целата програма е достапна на следниот ЛИНК.