Оштетени носечки столбови на Аквадуктот – засилени патроли ќе го обезбедуваат објектот

Непознат сторител оштетил камења од десет носечки столбови на скопскиот Аквадукт во Визбегово, кој е заштитено културно наследство од прва категорија. МВР неделава најави повеќе детали за случајот, според кои ќе се утврди штетата.

Министерството за култура го осуди вандалскиот чин. Оттаму информираа дека во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје и Општина Карпош, по извршениот  увид обезбедиле засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот.

Оштетувањата ги забележале екипи на Градскиот конзерваторски центар пред три дена додека работеле на терен за вовед во проект за санација и конезервација на стариот водовод, што треба да се реализира од идната година, пишува МКД.

Министерството за култура и град Скопје лани во март најавија проект за конзервација и реставрација на Аквадуктот за што се обезбедени и финансии.

Во текот на својата историја, голем број на патници, историчари и писари пишувале за овој археолошки објект. Тој има 53 столбови распространети во должина од 387,98м.