Оригами-микроскоп кој чини половина долар и открива болести

The Foldscope, микроскопот кој личи на оригами е минијатурен, практично неуништлив и неговото производство чини само полoвина долар за едно парче. Негов креатор е Manu Prakash, асистент по биоинженеринг на Универзитетот во Стенфорд кој се надева дека ваквиот микроскоп ќе помогне за полесно да се дијагностицираат преку крв болести како маларија, африканската спиечка болест и слични заболувања.

Оригами-микроскоп кој чини половина долар и открива болести

Секој модел на Foldscope е наменет за откривање специфична болест, а ги има вкупно 12.

„Сакав да направиам најдобра можна детекција на болестите, инструмент кој ние речиси и да можеме да го дистрибуираме бесплатно “, изјави Prakash за Scope – медицински блог воден од Универзитетот на Стенфорд по медицина.

„Она што излезе од овој проект е тоа што ние го нарекуваме микроскоп- употреби и фрли“, додава тој.

Foldscope може да се состави за неколку минути и да се користи за да создаде светло поле, за мулти-флуоресцентна или за проективна микроскопија. Уредот користи сферични, наместо заоблени стаклени леќи, што го прави уникатен. Новите леќи може да го зголемат примерокот до 2000 пати. Монтажата на микроскопот е лесна, а деловите се означени според бојата, па така и се спојуваат. Нема потреба од пишување инструкции.

Корисникот може да стави примерок за испитување на слајдот и да го вметне помеѓу хартиените слоеви на микроскопот.Foldscope, исто така, можат да бидат опремени со LED светла, придвижувани од батерии за часовник или можат да се користат за да проектираат слики на ѕид.

Извор: Mashable