Ораторски вечери „Иво Пухан” на Правниот факултет

Вечерва од 19 часот во Свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први” ќе се одржат 23-тите  Ораторски вечери „Иво Пухан”.

Десет финалисти, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, преку своите теми ќе ја промовираат моќта на говорот.

„Како и секоја година, се очекува учесниците на Ораторска вечер „Иво Пухан” повторно да ја разбранат критичката мисла во нашето општество по значајни прашања како што е реформата на правниот систем, заштита на работничките права, енормното загадување, и други теми кои ги одбраа студентите – оратори“, најавуваат од Правниот факултет.