Општината им забрани, штипјани сепак трчаа маратон во одбрана на паркот

Стотици штипјани, жители на населба во која, со планот на општинските власти, треба да се гради станбена зграда на местото на сегашниот парк, вчера се собраа за да му порачаат на градоналачникот дека не го даваат паркот.

Претходно, општината ја забрани протестната маратонска трка што ја планираа граѓаните, но тие сепак, предводени од  Фондацијата за локален развој го одржа маратонот, со порака да се спаси  паркот во штипската населба “8 ноември“, и да не се гради станбено-деловниот објект што го планира власта.

 Завчера попладнето од општината стигнало решение дека маратонот нема дозвола да биде организиран. “Мислењето на граѓаните од првостепено значење“ импровизираа маратон, со цел уште еднаш да се укаже на потребата од здрава и убава животна средина, вели за 24 вести Горан Трајковски од невладиниот сектор.
Граѓаните во Штип во два наврати го искажуваат своето негодување. За паркот во „Осми ноември“, петицијата ја потпишаа над 2.000 граѓани,. Потоа петиција и за локацијата на некогашната ветеринарна станица собрани над 500 отписи. И во двата наврати општината, Уставниот суд, јавното обвинителство, не се на страна на  граѓаните. Боби Шарковски од Фондацијата за локален развој, вели дека лицемерен односнот на институции кои се повикуваат на интересите на граѓаните.


PROTESTEN MARATON VO STIP 14 05 by 24vesti