Општина Тетово најавува мерки против загадувањето на воздухот

Советот на општина Тетово, по предлог на градоначалничката Теута Арифи, усвои информација за краткорочни и долгорочни мерки и активности со цел да се намали загадувањето на воздухот, во кои е предвидена и оваа мерка, пишува Нова Македонија.

Општина Тетово најавува мерки против загадувањето на воздухотГрадоначалничката во своето образложение посочи дека информацијата како документ ќе стане рамка и план за дејствување на општината, посебно што во наредниот зимски период кога загадувањето добива критични размери.

-Планот предвидува миење на градските улици и додавање на калциум магнезиум ацетат, со цел намалување на присуството на ПМ 10 и ПМ 25 честичките, засилен инспекциски надзор, чистење на улици, особено покрај градилиштата, ограничување на времето за дотур на роба, создавање на режим во сообраќајот за тешки товарни возила чија последна дестинација не е градот Тетово. Ќе се основа претпријатие за паркинзи и за јавен превоз со цел да се намали влијанието на големиот број на автомобили врз загадувањето – истакна Арифи.

При усвојувањето на информацијата, советниците на ДУИ и ДПА побараа во рамки на истата да се вметнат два заклучоци поврзани со работењето на фабриката Југохром, која беше посочена како најголем загадувач, што ги изгласаа, а за кои воздржани беа од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО Народна партија.

Советниците на ДУИ во заклучокот побараа Владата да ја преразгледа одлуката Југохром да работи без еколошките филтри, додека советниците на ДПА побараа општината од Министерството за животна средина да бара извештај за тоа колку Југохром го загадува воздухот и состојбата да се следи.

– Ние треба да се фокусираме на мерките и активностите во самиот град Тетово, бидејќи имаме депонии кои се палат и чадат, многу автомобили кои загадуваат, домаќинства кои користат фосилни горива. Југохром загадува, но тој е дел од друга општина – истакна на седницата Горан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.