Општина Охрид продолжи со отстранување на бесправните градби на плажите на крајбрежјето

Општина Охрид денеска продолжи со активностите за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани, информираше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески преку неговата Фејсбук страница.

Во објавата се посочува дека плажите се ослободуваат од нелегални градби, платформи и ѕидови, и дека се овозможува нивно непречено користење.

„На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби тековно ќе се врши уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, стои во објавата на Георгиески.

✅Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.

➡️Ги ослободуваме плажите…

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Wednesday, May 5, 2021

Истовремено, тој најавува дека ваквите активности ќе продолжат се додека не бидат отстранети сите објекти кои, како што посочи, ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.

Инаку, претходно беа отстранети и платформи на угостителски објекти од месноста Ј’но до населбата Канео, како и бесправни објекти во населбата Свети Стефан.