Општина Охрид ќе ги помага талентираните ученици и студенти

Општина Охрид во следните денови ќе го објави огласот за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2014-2015 година.

Општина Охрид ќе ги помага талентираните ученици и студенти

„Како што најавивме минатата година, оваа година ќе ја прошириме листата на кандидати кои што ќе се стекнат со право за добивање на стипендија и тоа според  следната бројка: 15 стипендии за основци, 20 за средношколци и 30 за студенти кои се запишани на факултетите во Република Македонија. Со ова сакаме уште еднаш како и минатата година да дадеме поттик и поддршка на сите оние ученици и студенти кои што се навистина талентирани, вредни и  квалитетни да продолжат да вложуваат во своето образование во стекнувањето на нови знаења и во напредокот, се со цел да ги поттикнеме истите тие луѓе и во иднина да бидат носители односно столбови кои ќе ги носат важните одлуки кои ќе бидат од суштинско значење за општина Охрид“ вели градоначалникот Никола  Бакрачески.

Стипендирањето првпат се реализираше минатата година, кога општината додели финансиска помош на 20 ученици во основните и средни општински училишта и за 20 студенти од Охрид кои имаат висок просек на факултет.

Извор