Општина Карпош објави јавен повик за поддршка на младински идеи

Младите од Карпош, кои се заинтересирани за младински активизам, учество, креирање на проекти и соработка со локалната самоуправа, може да се пријават на јавниот повик за учество во проектот „Локална младинска банка“.

Оние кои ќе се пријават и ќе бидат избрани, ќе можат креативно да се изразат, да добијат финансиска поддршка за своите идеи и иницијативи на локално ниво, а и да вршат оценување и оправданост на други проекти.

Младите треба да пополнат формулар за апликација, кој се наоѓа на линкот –  https://bit.ly/3qOqWmZ, најдоцна до 22.03.2021 година. За дополнителни прашања и информации можат да се обратат на info@youthcan.org.mk или на 078 – 313 – 931.

Проектот се спроведува во соработка со организацијата „Младите можат“, а е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.