Општина Гостивар воведува е-киоск за издавање документи

Гостиварци наскоро ќе можат да плаќаат сметки и да добиваат документи преку е-киоск, електронски систем во вид на банкомат за издавање документи.

Од општината велат дека проектот чинел 12.000 долари, а киоскот ќе биде пуштен во функција наскоро.

„Ние сме првата општина во Северна Македонија што ќе има е-киоск за издавање документи. Проектот е финансиран од УНДП, а наскоро ќе одржиме и церемонија за пуштањето во употреба. Веруваме дека ќе им биде од помош на многу граѓани на Гостивар”, велат за Порталб.мк од општината.

Општината објави и видео за тоа како ќе изгледа и работи e-киоскот.

Граѓаните преку e-киоскот, како што соопштуваат властите, се очекува да остварат определени услуги, односно плаќања, барања за документи и други услуги, како плаќање на сметките за вода, плаќање казни за прекршоци на зонското паркирање, плаќање даноци и фирмарини, како и печатење на сите формулари што треба да се пополнат и поднесат во Општина Гостивар.

„Во иднина планираме да поставиме e-киосци уште во неколку точки од општината, на пример кај претпријатието меѓу двете села Чегране и Форино”, велат од општината.