Општина Ѓорче Петров почна да ги казнува загадувачите на воздухот

Оштина Ѓорче Петров ги изрече првите казни на несовесни граѓани кои палат оган на отворено. Инспекторите детектирале двајца кои палеле гуми и пластика и истите се казнети со по 50 евра.

Тие изрекле и казна во делот на депонирање на отпад покрај контејнери во висина од 50 евра како и една казна за продавање на земјоделски производи на јавна површина.

Покрај тоа, од општина Ѓорче Петров информираат дека паралелно се работи на лоцирање на хаварисани возила. Досега биле опоменати 34 возила кои по истекот на рокот ќе бидат отстранети од јавните површини.

Општина ги повика граѓаните да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот преку совесно и одговорно однесување.