Општина Центар на вонредна седница забрани градење до 30 септември

Општина Центар денеска одржа вонредна седница на која со мнозинство гласови донесе одлука и определи период во кој не може да се гради во центарот на Скопје, пишува Либертас. Со ова, забрането е да се изведуваат градежни работи на одредена територија на општината од денеска  до 30 септември.

Оваа одлука се однесува на територијата помеѓу булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и улиците Кочо Рацин, 11 Октомври и улица Македонија. Одлуката е донесена согласно Законот за градење.

На седницата не присуствуваа советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.