Општина Центар гради парк за миленици

На вчерашниот Светски ден на љубов кон миленикот, општина Центар започна со изградба на парк за миленици.

Паркот е планиран да биде сместен во рамките на „Паркот на новинарите“, спроти Министерството за образование и наука, а на површина од 308 метри квадратни.

„За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока 2 метри. Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата  и ќе овозможи активно дружење со домашните миленици“, информираат општинарите од Центар.