Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски казнети со 88.000 евра за исфрлање отпад на јавна површина

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопштија денеска од Град Скопје.

Оттаму објаснуваат дека општината преку компанијата „Пирамид Билдинг“ ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во Јавното претпријатие „Дрисла“ го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на булевар „АСНОМ“ со што направиле нова дива депонија.

Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно, од Град Скопје велат дека истата присилно ќе се наплати. Дополнително, тие најавија поднесување соодветни кривични пријави против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.