OPhone – новосадски прототип на мобилен телефон кој има само основни функции

Ophone претставува 3Д принтан мобилен телефон кој нуди само основни функции, како праќање на пораки и повикување. Овој прототип е внимателно дизајниран за сите оние кои сакаат да се отргнат од известувањата на социјалните мрежи. Револтирани од фактот што апликациите на модерните телефонии одземаат голем дел од секојдневието на луѓето, креаторите на Ophone решиле да се спротивстават на оваа современа зависност.

Новосадските Alter Ego Architects дизајнираа телефон, малку поголем од кредитна картичка, а евтин. Тоа е спој на модерната технологија и основната потреба од телефонот. Користи е-линк дисплеј, што е поштедлива опција во однос на трошење на енергија, а тоа придонесува и батеријата да трае подолго.

Е-линк технологијата е погодна и за очите, бидејќи нема позадинско светло, дава чувство на хартија и поприродно е за гледање, иако е читливо и при јака двевна светлина.

Исто така, една од главните карактеристики на овој телефон е едноставниот интерфејс, сочинет од симболи и броеви, без никаков текст, со идеја да биде независен од јазикот. Буквите доаѓаат дури кога корисникот доаѓа до фазата да пишува порака.

Ophone е доста практичен, со тоа што им го олеснува користењето на повозрасните лица, на оние кои не се навикнати на новата технологија, на децата во училиште и на сите оние кои сакаат да бидат офлајн.

На пазарот веќе има ткн. „глуп“ телефон, но идејата на Марко Лазариќ, еден од основачите на Ophone, е да ја врати Србија на мапата на квалитетни хардвери. За да го направат тоа, и да ја поминат фазата на создавање прототип, потребна им е партнер компанија која ќе има капитал и инфраструктура да го изнесе овој производ на светскиот пазар.