Оперската претстава „Риголето“ утре во МОБ

Вo сабота (6 февруари), во Македонската опера и балет, по подолга пауза, ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди.

„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето се базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Борис Трајанов, во насловната улога, оперската дива Ана Дурловски, Михајло Арсенски, Игор Дурловски и Ирена Кавкалевска, во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Александра Лазаревска-Василевски, Десанка Глигоријевиќ и Димитар Кожухаров.

Диригент е гостинот од Италија: Џанлука Мартиненги.