ООН: Пандемијата може да натера милиони деца на присилна работа

Обединетите нации (ООН) предупредуваат дека милиони деца би можеле да бидат приморани да работат поради пандемијата на коронавирусот, со што би се загрозиле повеќегодишните напори против оваа практика, пренесува хрватски „Индекс“.

„Како што пандемијата ги уништува семејните приходи, многумина би можеле да прибегнат кон детскиот труд. Социјалната заштита е од витално значење во кризи бидејќи им пружа помош на најранливите“, изјави Гај Рајдер, директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ) на Светскиот ден против детскиот труд.

Бројот на деца приморани да работат значително се намали од 264 милиони на 152 милиони од 2000 година, наведуваат од МОТ.

„Ова достигнување сега е во опасност поради пандемијата“, предупредуваат од ООН и ги повикуваат владите да не го игнорираат овој проблем за да се спречи порастот на детска експлоатација.

Има сè повеќе сиромашни, училиштата се затвораат и се намалува достапноста на социјални услуги, па се повеќе деца се принудени да работат, вели Хенриета Фор, извршна директорка на УНИЦЕФ.

Според податоците на Светската банка, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сироматија годинава се очекува да се искачи од 40 на 60 милиони поради Ковид-19.