Онлајн журка со „Тhe DD’s“ на Радио МОФ – ќе шизиме на дискофанк

Приклучете се на онлајн журка со диско и фанк звуци преку изборот на дуото „Тhe DD’s“. Вечерва од 2о часот на Фејсбук страницата на Радио МОФ ќе започне лајф стрим журка, а сите колективно ќе шизиме на new wave од нашите домови.

Скопското дуо „Тhe DD’s“, односно Давид Иванов и Добромир Алексиќ веќе три години ги предводат журките во градот со својот избор на disco synth.

Журката ќе трае 1 час и 45 минути, а потоа достапна ќе биде на Фејсбук страницата на Радио МОФ.

Се гледаме во 20 часот на Радио МОФ платформата за журкање.

*За оние кои се надвор со своите домашни миленици пред да започне полицискиот час, препорачуваме да понесат слушалки заедно со заштитната опрема.