Oнлајн-вежби со познати инструктори на ФБ страницата на Град Скопје

Градот Скопје во соработка со тим еминентни и добро познати инструктори во различни домени на спортот од утре за граѓаните ќе понудат онлајн видеа со вежби за одржување на телесната форма за време на вонредните услови што ги налага пандемијата.

Вежбите што граѓаните ќе можат да ги проследат на официјалната фејсбук-страница на Град Скопје ќе опфатат различни типови вежбање, односно по неколку серии фитнес-кросфит, пилатес и пауер пилатес, аеробик, ултимејт фит, кондициски вежби, вежби за атлетика и јога. Своите стручни совети за граѓаните ќе ги понудат следните спортски инструктори:

– Фитнес – кросфит – Даниел Трбогазов;

– Пилатес вежби – Бисера Станкова Ковачевска;

– Класичен аеробик – Кети Матеничарска Накова;

– Вежби за подобрување физичка подготвеност – Кристијан Кајчевски;

– Функционален тренинг – Елена Бубало Михајловска и Атанас Михајловски;

– Вежби и совети за атлетика – Дрита Исљами;

– Јога вежби – Искра Србиновска;

– Пауер пилатес – Ивана Каратукова.