Онлајн тренинг за дислексија за студентите од педагошките факултети во Скопје и Битола

Здружението за дислексија „Ајнштајн“, во рамки на проектот “Младинска информираност за дислексија” на 5-ти мај од 18 часот организира бесплатен онлајн тренинг за дислексија.

Тренингот е наменет за студенти од Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Битола и Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје.

Студентите кои ќе учествуваат на овој тренинг:

1. Ќе се запознаат со терминот дислексија и знаците за нејзино препознавање
2. Ќе добијат препораки за поддршка на учениците со дислексија
3. Ќе имаат можност за учество на конференција и споделување на искуствата и стекнатите знаења од тренинзите.
4. Ќе се стекнат со сертификат за успешно завршен тренинг.

Заинтересираните студенти потребно е да го пополнат образецот за пријавување и да го поднесат најдоцна до утре, 3 мај, до 17 часот.

Организаторите на тренингот информираат дека во текот на месец април и месец мај, ќе бидат организирани уште два тренинзи кои ќе бидат наменети за студенти Медицинскиот факултет при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ.

Повеќе детали можете да најдете на нивниот Фејсбук настан.