Онлајн студентска дискусија: Абортус – етички, медицински и правно-политички аспекти

Факултетското студентско собрание на Правниот факултет при УКИМ денеска, од 17:40 часот, преку платформата „Zoom“ организира студентската виртуелна дискусија на тема: Абортус – етички, медицински и правно-политички аспекти.

На дискусијата ќе говорат:

– Доц. д-р Елена Игновска – Семејно и наследно право, Правен факултет
– Доц. д-р Ана Данева Маркова – Клиника за гинекологија и акушерство, Медицински факултет.
– Проф. д-р Александра Деаноска-Трендафилова – Казнено право – Правен факултет;
– Проф. д-р Александар Спасеновски– Уставно право и политички систем – Правен факултет;

„Актуелната политичка состојба во Полска, масовните протести и демонстрации, како последица на одлуката на полскиот уставен суд за правото на абортус, поттикна многубројни контроверзни ставови на глобално ниво. Иако почетоците на легализација на абортусот проникнуваат уште од средината на 20 век, прашањето за абортус денес е се` уште дискутабилно и развива голем број дилеми. Станува збор за прашање, за кое можеби е едно од најсложените во поглед на постигнување на консензус. Темата ќе биде елаборирана од секој аспект, а присутните ќе имаат можност да ги истакнат своите ставови, да поставуваат прашања, со цел да се развие академска дискусија од која сите ќе можеме да научиме нешто“, најавуваат организаторите.

Факултетското студентско собрание ги организира овие настани како проекти во склоп на Комисијата за студентски дискусии со цел студентите да ги разбијат бариерите со професорите и поактивно да се вклучат во проблематики кои ги засегаат сите.

Сите заинтересирани за учество во дискусијата треба да ја пополнат анкетата достапна на следниов ЛИНК, по што ќе им биде испратен и „Zoom“ линкот.