Онлајн саем за кариера за полесно вработување на младите

Онлајн саем за кариера за полесно вработување на младите

ИАЕСТЕ онлајн саемот за кариера кој ќе се одржи од 14 октомври до 07 ноември, претставува настан на кој студентите ќе можат да најдат корисни информации, да воспостават контакти со врвни работодавци и универзитети и да разменат искуства со други студенти од повеќе од 15 европски земји, без да го напуштат своето биро.

Како што најавуваат организаторите, преку изградената вуртуелна платформа учесниците во саемот ќе имааат шанса да ги истражат профилите на компаниите, да аплицираат за работни позиции и да разговараат со претставници на компаниите за да имаат подобар увид во работните услови, сегашните проекти и начинот на работа на компанијата.

Според најавите, преку учеството на универзитетите настанот се планира да овозможи интересни информации за студенти на природни и технички науки, кои се заинтересирани за студирање во странство.

Исто така, ќе има информации и семинари во врска со кариерата, како на пример „Како да напишеш CV на англиски”, „Десет најдобри начини за почеток на кариера во странство” и така натаму, што е од огромно значење за секој што е заинтересиран за меѓународна кариера.

Повеќе информации за ИАЕСТЕ онлајн саем за кариера се достапни на фејсбук или интернет страната за настанот.