Онлајн разговор со активистот Борче Стаменов од „Донирај компјутер“

Здружението „Еквалис“ периодов организира серија онлајн разговори со активисти на разни теми. Како нивен најнов гостин е најавен Борче Стаменов од Кавадарци, кој последните 5 години ги посвети на донирање компјутери, а до овој момент има донирано повеќе од 700 компјутери.

Разговорот со него ќе се одржи утре (5 април) преку платформата Зум, со почеток во 19 часот.

„Неговиот активизам стана особено значаен кога образованието целосно се префрли онлајн, а многу од учениците немаа уред за следење онлајн настава“, велат од „Еквалис“.

Тој ќе зборува за она што го инспирира и како изгледаат донаторските акции коишто тој ги спроведува секој ден.

За учество во онлајн разговорот, потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК.