Онлајн разговор на тема „Товарот на пандемијата: Женски перспективи“

Оваа среда, на 02 декември со почеток во 18:30 часот, ќе се оддржи онлајн дискусија на тема „Товарот на пандемијата: Женски перспективи“, во организација на Хелсиншкиот комитет. На дискусијата ќе се обратат Искра Гешоска, Снешка Илиќ и Симона Манева Живкова, ќе зборуваат за различните перспективи на пандемијата и предизвиците со кои се соочуваат во сферите во кои дејствуват. Разговорот ќе го модерира Тања Стоименовска.

„Пандемијата, покрај тоа што самата создава нееднаквост, истовремено ги кристализира невидливите и ги продлабочува постоечките нееднаквости. По кој знае кој пат, сведоци сме дека правата на жените се многу често меѓу првите на удар во услови на криза, што неминовно ги уназадува сите долгогодишни залагања за родова еднаквост.
Оваа среда ќе разговараме за различните аспекти на пандемијата од родова перспектива и за несразмерниот товар со кој се соочуваат различните групи жени“, објаснуваат организаторите.

Тие нагласуваат дека новонастананатата ситуација во која се наоѓаме влијае на сите, но не на сите подеднакво.

„Токму онаму каде што постои нееднаквост во пристапот до основни човекови права, во пристапот до расположливите услуги и сервиси, постои и нееднакво влијание на ефектите од пандемијата. Овој период, државите беа ставени на тест за мерките и сервисите кои ги предвидуваат за различните маргинализирани групи, но и на уште поголем тест за постоечките нееднаквости во општеството“, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.

Разговорот ќе може да се проследи тука и на Фејсбук страната на Хелсиншкиот комитет.