Онлајн програма за млади за започнување бизнис, најдобрите идеи ќе добијат 4.000 евра

Фондација Претприемачки Сервис за Млади објавува повик за учество на млади лица во онлајн акцелераторска програма за започнување сопствен бизнис.

На крајот од акцелераторската програма најдобрите 5 бизнис планови ќе бидат наградени со 4.000 евра за започнување на својот бизнис.

Целта на програмата е да овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис.

Право на учество програмата имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис.

Акцелераторската програма ќе биде реализирана во април и мај оваа година, а датумите на одржување на вебинарите и онлајн менторството ќе бидат дефинирани дополнително.

Програмата ги содржи следните 5 фази:

Фаза 1: Предакцелераторска програма, составена од 2 вебинари на следниве теми: генерирање бизнис идеи, решавање на проблеми и бизнис канвас.

Фаза 2: Подготовка на бизнис канвас, каде учесниците изработуваат бизнис канвас за својата бизнис идеја.

Фаза 3: Селекција на најдобрите бизнис идеи. Тука најдобрите 10 бизнис идеи кои ќе бидат избрани ќе преминат во фазата за изработка на бизнис план.

Фаза 4: Акцелераторска програма за изработка на бизнис план составена од 1 вебинар на тема изработка на бизнис план и Онлајн менторство за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план.

Фаза 5: Бизнис план натпревар – Во оваа финална фаза најдобрите 5 бизнис планови ќе бидат наградени со 4.000 евра како поддршка за започнување на бизнисот.

Сите заинтересирани млади лица потребно е да се пријават преку пополнување на онлајн форма достапна на следниов линк.

Крајниот рок за пријавување е 10-ти април 2020-та година.

За подетални информации можете да се обратите и на следниот е-мејл contact@yes.org.mk.

Акцелераторската програма е дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.