Онлајн предавања на Недела на наука на УКИМ

Комисијата за наука при Универзитетското Студентско Собрание на УКИМ во оставарување на задачата за промоција и развој на науката на универзитетот и создавање услови за поттикнување на научно-истражувачка работа кај студентите во текот на месец Ноември го прославува како месец на науката со низа настани посветени на науката.

На 1 и 2 декември тие организираат серија онлајн предавања од страна на избраните научници за 2019 на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Првото предавање, следниот вторник (1 декември) од 13 часот ќе биде на тема: Мотиви за вклучување на корисниците на социјалните медиуми во зависност од видот на споделената маркетинг-содржина. Предавањето ќе го одржи проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска, а заинтересираните можат да се регистрираат на следниов ЛИНК.

Второто предавање ќе се организира следниот ден (2 декември), а ќе го одржи проф. д-р Сузана Топузовски, на тема: За некои модерни теми од фотоника. Регистрацијата може да ја направите на следниот ЛИНК.