Онлајн петиција „Не за еврообврзницата!“

На социјалните мрежи од вчера почна да се споделува онлајн петиција „Не за еврообврзницата!“, а во пресрет на владината најава за издавање на еврообврзница во износ од фантастични 650 милиони евра.

„Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да го враќам тој долг во годините кои следуваат“, се наведува во текстот на петицијата.

Петицијата веќе ја потпишаа над илјада граѓани, бројка која се очекува да расте во текот на денот.

Поради најавите за нови задолжувања пак за утре е најавен и протест на Шарената револуција во Скопје.

Јавниот долг во на државата забрзано се зголемува, а со тоа расте и отпорот во јавноста за новите задолжувања. Како што може да се види на страницата Јавен долг, и без новата обврзница, секој граѓанин веќе е задолжен со повеќе од 2200 евра.