Онлајн јавна дебата на тема „Виртуелните платформи треба да реагираат против секакви екстремистички изразувања“

Во организација на Младинскиот образовен форум, на 27 август со почеток од 18 часот, ќе се одржи третата онлајн дебата од циклусот  јавни дебати насловен „Слобода на изразување во три чина“.

Заинтересираните ќе имаат можност да ја проследат дебатата со теза „Виртуелните платформи (медиуми) треба да реагираат против секакви екстремистички изразувања“.

На онлајн дебатата, повторно ќе се дебатира за нејзиното влијание во различни околини и сфери, но овој пат ќе се дискутира што треба да се преземе кога ќе се појави екстремистички говор на социјалните мрежи.

Дебатата ќе биде достапна на „Зум“ линкот  кој ќе биде споделен еден час пред почетокот на дебатата, како и во живо на Фејбсук страната на МОФ.

Преку интерактивниот карактер, исто како и претходно, и на оваа дебата публиката ќе има можност да поставува прашања кон говорниците во однос на зададената тема и нивните говори.