Oнлајн изведба на театарска претстава во живо – режисерката Теа Богевска собра актерска екипа од пет држави

Интернационалниот видео проект „Револуција во живо” на режисерката Теа Беговска работен со театарска екипа во онлајн форма ќе има своја премиера во живо на социјалните медиуми на 30 септември.

Проектот претставува онлајн изведба во живо која е собрана актерска екипа од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.

Во овој видео проектот се обработуваат пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Секој од актерите на свој начин, преку своето искуство зборува на овие теми, секој на својот мајчин јазик. Станува збор за спој на актери од различни генерации кои преку овие теми зборуваат за нивната професија сакајќи да укажат на некои работи кои можеби сме ги заборавиле. Ова е нивната револуција за театарот, за актерите.

Премиерата ќе биде достапна со превод на англиски јазик на следниот линк.

Проектот е подржан од Министерство за култура, а е направен во соработка со Teatro Rabinal, LA Belle Meunier, Tiyatrohane.